Вимблдон

Надал по голема борба го победи Фриц за полуфинале на Вимблдон

Рафаел Надал во пет сетови со 3-2 (3-6, 7-5, 3-6, 7-5, 7-6 (10-4)) го победи Тејлор Фриц и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон каде ќе игра против Ник Кирјос. 

Надал добро се испоти за да се пласира меѓу четирите најдобри на Вимблдон, шпанскиот тениски ас на крајот ја оствари целта и помина уште една пречка.
 
Мечот се одликуваше со многу загубени сервиси, чести беа брејковите во речиси сите сетови.
 
Фриц го доби првиот сет со 6-3, Надал возврати во следниот со 7-5, во следните два се случи реприза. Фриц со добиен сет од 6-3 поведе со 2-1, па Надал со 7-5 изедначи на 2-2.
 
Во решавачкиот петти сет имаше најголема борба. Беше 6-6 во гејмови па се играше тајбрејк. Бидејќи се работи за последниот сет, тајбрејкот се играше до десет добиени поени, Надал победи со 10-4 и го доби мечот со 3-2.
 
Во полуфиналето Надал ќе игра против Кирјос кој беше подобар со 3-0 (6-4, 6-3, 7-6) против Гарин. Во другото полуфинале играат Ѓоковиќ и Нори.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе