Надал добро се испоти за да се пласира меѓу четирите најдобри на Вимблдон, шпанскиот тениски ас на крајот ја оствари целта и помина уште една пречка.
Мечот се одликуваше со многу загубени сервиси, чести беа брејковите во речиси сите сетови.
Фриц го доби првиот сет со 6-3, Надал возврати во следниот со 7-5, во следните два се случи реприза. Фриц со добиен сет од 6-3 поведе со 2-1, па Надал со 7-5 изедначи на 2-2.
Во решавачкиот петти сет имаше најголема борба. Беше 6-6 во гејмови па се играше тајбрејк. Бидејќи се работи за последниот сет, тајбрејкот се играше до десет добиени поени, Надал победи со 10-4 и го доби мечот со 3-2.
Во полуфиналето Надал ќе игра против Кирјос кој беше подобар со 3-0 (6-4, 6-3, 7-6) против Гарин. Во другото полуфинале играат Ѓоковиќ и Нори.