АТП финале Лондон

Надал одигра одличен меч, го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Лондон

Рафаел Надал го победи Стефанос Циципас со 2-1 во сетови и како второпласиран од групата се пласира во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон. 

Циципас кој беше бранител на трофејот, имаше добар меч, но Рафаел Надал одигра можеби најдобро оваа година и дојде до посакуваниот триумф.
 
Првиот сет Надал го доби со 6-4, во вториот со идентичен резултат беше подобар Циципас, а Шпанецот со 6-2 триумфираше во одлучувачкиот сет за победа од 2-1 во сетови.
 
Претходно Рублев со 2-0, 6-2 и 7-5 го победи Тим кој и покрај поразот го освои првото место во групата.
 
Утре од 15 часот Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев ќе се борат за второто место и пласман во полуфинале, од таа група Медведев на коло пред крајот ја освои првата позиција, утрешниот дуел со Шварцман за него нема некое поголемо значење освен АТП поени.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе