13. трофеј на Ролан Гарос за „кралот на земјината подлога“

Надал импресивно го победи Ѓоковиќ, ја освои 20. грен-слем титула и се израмни со Федерер

Рафаел Надал буквално го прегази Новак Ѓоковиќ, загуби само седум гема за 100. победа во Париз, 13. трофеј на Ролан Гарас и вкупно 20. грен-слем титула, со што се израмни со Роџер Федерер.

Се очекуваше голема битка меѓу Надал и Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, но таа ја имаше само во третиот сет, во првите два Шпанецот се прошета.
 
Надал имаше исклучително моќен старт, првиот сет го доби со 6-0, а во втоиот триумфираше со 6-2. Ѓоковиќ се разбуди во третиот сет, одигра многу подобро отколку во првите два, но тоа беше доволно само за да го загуби сетот со 7-5.
 
Ова беше 20. грен-слем титула за Надал со која се израмни со Роџер Федерер на вечната листа по бројот на освоени големи трофеи, Ѓоковиќ е зад нив со 17.
 
Ова беше и дури 13. трофеј на Ролан Гарос за „кралот на земјината подлога“, и неверојатна 100. победа во 102 меча одиграни на овој турнир.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе