Австралија Опен

Надал лесно го мина Карењо Буста за пласман во осминафиналето на Австралија Опен

Надал немаше проблеми со неговиот сонародник Карењо Буста кој го победи со 3-0 во сетови со само седум загубени гејма. 

Рафа Надал без многу напор стигна до осминафиналето на Австралија Опен откако лесно, во три сета го победи Карењо Буста.
 
Првиот сет Рафа го доби со 6-1, во вториот загуби четири гејма, а Карењо Буста во третиот пружи најголем отпор, тој заврши со 6-4.
 
Во осминафиналето Надал ќе игра со победникот од дуелот меѓу Киријос и Качанов.
 
Монфис со 3-0 го победи Гулбис, Тим со 3-1 беше подобар од Фриц, Иснер поради повреда го предаде мечот против Вавринка.
 
На женскиот турнир елиминирана е втората носителка Плишкова која загуби од Павличенкова со 2-0, и во двата сета се играше тајбрејк.
 
Халеп лесно, со само пет загубени гејма ја совлада Путинцева, Кербер со 2-1 во сетови беше подобра од Џорџи, Мугуруза со 6-1 и 6-2 ја совлада Свитолина.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе