вторник, 23 април 2024

По случувањата на токсикологија, доктор Беќаровски најави заминување

Докторот Нико Беќаровски си заминува од државното здарсвтво. Барем така може да се протолкува неховата порака на фејсбук. Тој вчера заедно со уште пет доктори од стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија одржаа конференција за медиуми и јавно го вперија прстот за состојбата во клиниката кон економската директорка Бесија Иљази. Наместо да ја разреши Иљази, министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.

Објавено на

часот

Сподели

Беќаровски и неговите колеги рекоа дела Иљази не дозволила да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело лани на 31 декември, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука.

Инаку Иљази, како што пишуваше МКД.мк, на работа доаѓала со татко ѝ, кој и бил еден вид „обезбедување“ и преведувач. На состаноците некој од персоналот секогаш ѝ помагале на Иљази во преводот од македонски на албански.

Директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на својот фејсбук-профил напиша:

„35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР. ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот.

Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.

Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, напиша тој на фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ