Австралија опен

Надал лесно до четвртфиналето, Шаповалов го исфрли Зверев

Рафаел Надал со 3-0 го победи Манарино и се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, таму нема да биде Александер Зверев кој загуби од Денис Шаповалов. 

Манарино му пружи сериозен отпор на Надал само во првиот сет кој Шпанецот го доби во тајбрејк со 16-14. 
 
Следните два Надал ги доби со 6-2 и 6-2 и се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Денис Шаповалов кој го совлада Зверев со 3-0.
 
Шаповалов првиот сет го доби со 6-3, во вториот беше подобар во тајбрејк со 7-5, а треиот исто како и првиот му припадна со 6-3.
 
Во другото четвртфинале кое беше формирано денеска ќе играат Монфис и Беретини.
 
Монфис со 3-0 го победи Кецмановиќ, а исто без загубен сет славеше и Беретини против Карењо Буста.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе