Во финишот од сезоната Надал беше симнат од првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ кој ја врати високата форма. Но шпанскиот тенисер сака повторно да биде прв.
Директорот на Австралија опен, Крег Тајли потврди дека Рафаел Надал ќе учествува на грен слем турнирот.
„Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма“, изјави Тајли.