По триумфот на Ролан Гарос, Рафаел Надал оваа недела го започна својот настап на мастерс турнирот во Париз и испиша нова историја. Тој стана само четвртиот тенисер кој може да се пофали со 1.000 победи откако со 2-1 во сетови го совлада својот сонародник Фелисијано Лопез.
Фелисијано Лопез подобро го започна мечот и првиот сет го доби со 4-6, но по тешка и рововска битка преку тај-брејк во вториот сет, Рафаел Надал изедначи на 1-1. Во решавачкиот трет сет, рекетот број 2 направи брејк уште на стартот и рутински стигна до 6-4 и триумф.
Во клубот „илјада“ покрај Рафаел Надал уште се и Иван Лендл (1.068 победи), Роџер Федерер (1.242 победи) и Џими Конорс (1.274 победи).