АТП Мастерс Рим

Надал и Ѓоковиќ се прошетаа до четвртфиналето во Рим

Рафаел Надал со само еден загубен гејм го доби осминафиналниот дуел против Басилашвили, Ѓоковиќ загуби три гејма против Колшрајбер.

И Рафаел Надал денеска поради вчерашниот дожд во Рим имаше два меча, и загуби вкупно два гејма.
 
Најпрво го победи Шарди со 6-0 и 6-1, а потоа беше подобар од Басилашвили со 6-1 и 6-0.
 
Во четвртфиналето ќе игра против Вердаско кој со 2-1 го победи Карин Качанов.
 
И Новак Ѓоковиќ не се измори многу, најпрво го доби мечот со Шаповалов со 6-1 и 6-3, а потоа го победи Колшрајбер со 6-3 и 6-0.
 
Српскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против Дел Потро кој го победи Руд со 2-0 во сетови.
 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе