Вимблдон

Надал и Федерер се пласираа во осминафиналето на Вимблдон

Рафаел Надал во три сета лесно го победи Жо Вилфрид Цонга и се пласира во осминафиналето на Вимблдон каде ќе биде и Федерер кој со 3-0 беше подобар од Пуј.

Рафаел Надал немаше проблеми со Цонга кој веќе подлго време поради повреди е далеку од својата најдобра форма.
 
Шпанскиот тениски ас го доби мечот со 6-2, 6-3 и 6-2 и во осминафиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Соуса и Еванс.
 
Федерер исто така во три сета го совлада својот противник, но Лукас Пуј пружи многу посилен отпор од оној кој Цонга му го даде на Надал.
 
Федерер првиот сет го доби со 7-5, вториот му беше најубедлив 6-2, а во третиот се играше тајбрејк кој му припадна на Швајцарецот со 7-4.
 
Федерер во осминафиналето ќе игра против Беретини кој со 3-2 беше подобар од Шварцман.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе