УС Опен

Надал го победи Медведев и го освои својот 19. грен слем турнир, сега има само еден помалку од Федерер

Во спектакуларно финале со пет сета, Рафаел Надал со 3-2 во сетови го совлада Данил Медведев и го освои својот 19. грен слем турнир со што се доближи на само до еден во однос на Роџер Федерер. 

Надал победи на УС Опен и ја освои својата 19. грен слем титула победувајќи го Данил Медведев во меч кој траеше речиси пет часа (4:50).
 
Надал одлично го почна мечот, поведе со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-3, се чинеше дека финалето нема да трае, но за да не биде тоа така се погрижи Медведев кој ги доби наредните два сета, 7-5 и 6-4. Третиот решавачки му припадна на Шпанецот со 6-4 и славјето можеше да почне.
 
Рафаел Надал сега е на само еден грен слем трофеј до Роџер Федерер и големи се шансите во наредниот период да го надмине Швајцарецот.
 
„Ова беше една од најемотивните ноќи во мојата тениска кариера“, изјави Надал по мечот.
 
Запрашан за можноста да го стигне Федерер, Шпанецот рече: „Доколку тоа ги привлекува фановите и создава интерес кај луѓето, тоа е добро за спортот, нели? Се чувствувам горд што сум дел од оваа битка“.
 
Данил Медведев и покрај поразот не ја загуби смислата за хумор. Па по мечот прокоментира.
 
„Ако јас победив, што ќе покажеа“, кажа Медведев посочувајќи го видеото посветено за Надал кое одеше во позадина.
 
Од 2004 досега се одиграа 64 грен слем турнири, а 54 од нив освоиле Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Неверојатно.
 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе