Австралија Опен

Надал го победи Кирјос а потоа зборуваше за Коби Брајант

Рафаел Надал по голема борба со 3-1 во сетови го победи Ник Кирјос, а по мечот зборуваше за Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа. 

Рафа Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако во тежок меч го победи домашниот тенисер Ник Кирјос.
 
Првиот сет Надал го доби со 6-3, но следниот со ист резултат му припадна на Кирјос кој изедначи на 1-1.
 
Во следните два сета се играше тај-брејк, и двата му припаднаа на Надал, првиот со 8-6, а вториот со 7-4.
 
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 го совлада Гаел Монфис.
 
По мечот Надал зборуваше за Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
 
„Што можам да кажам? Утринава се разбудив со оваа ужасна вест, премногу сум тажен. Тој беше еден од најголемите спортисти во историјата и заслужува голем аплауз. Секогаш сакаше да го крене своето ниво и беше инспирација за спортскиот свет и за многу деца“, изјави Надал.
 
„Сум се среќавал со Коби Брајнт, тој играше со По Гасол, мојот многу близок пријател. Гасол секогаш ми зборуваше за Коби и неговиот неверојатен спортски дух“.
 
 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе