АТП Мастерс Рим

Надал го победи Ѓоковиќ и по девети пат го освои трофејот во Рим

Рафаел Надал лесно го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето во Рим иако победата беше во три сета, ова беше девети трофеј за него на мастерсот во италијанската престолнина.

Надал фуриозно го почна мечот, првиот сет го доби со 6-0. Ѓоковиќ го крена нивото во вториот сет, го доби со 6-4 и израмни на 1-1.
 
Се очекуваше неизвесен решавачки сет, но тој беше налик на првиот, Надал го доби со 6-1 и се израдува на првиот трофеј оваа година.
 
За Надал ова беше 34 мастерс трофеј во кариерата.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе