АТП Мастерс Рим

Надал го победи Ѓоковиќ и го освои Рим (ВИДЕО)

Рафаел Надал со 2-1 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ во големото финале и го освои мастерс турнирот во Рим. 

Рафаел Надал по десетти пат го освои турнирот во Рим, ова за него беше вкупна 36. мастерс титула со што се израмни со Новак Ѓоковиќ.
 
Шпанскиот тениски ас денеска го доби првиот сет со 7-5, но потоа Ѓоковиќ имаше фуриозен сет со 6-1 за израмнување на 1-1.
 
Во третиот решавачки сет, Надал зема брејк за 4-2, го одржа до крајот на сетот кој го доби со 6-3 по што можеше да почне радоста за новиот трофеј.
 
Ѓоковиќ нема победа против Надал на земјена подлога уште од 2016 година.
 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе