Рафаел Надал се избори за своето 29. грен слем финале откако денеска беше подобар од италијанскиот тенисер Матео Беретини.
Шпанецот моќно го почна мечот, ги доби првите два сета релативно лесно со 6-3 и 6-2 и поведе со 2-0 во сетови.
Конечно следуваше добар сет на Беретини, го доби со 6-3 и се врати во игра. Но тоа беше се што направи, следниот сет му припадна на Надал со 6-3 за победа од 3-1 во сетови.
Надал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Циципас и Медведев.