АТП Монте Карло

Надал е пресилен за Димитров, Шпанецот рутински до четвртфиналето

Рафаел Надал лесно, со 2-0 во сетови го совлада Григор Димитров и се пласира во следното коло на турнирот во Монте Карло.

Рафаел Надал без проблеми, за час и половина го доби мечот со Григор Димитров со само пет загубени гејма.
 
Бугарскиот тенисер пружи отпор во првиот сет но го загуби со 6-4, во вториот Надал му дозволи да освои само еден гејм, 6-1.
 
Во четвртфиналето бранителот на трофејот во Монте Карло ќе игра против Гуидо Пеља кој со 2-1 во сетови беше подобар од Италијанецот, Кечинато.
 
Останатите четвртфинални двојки се Ѓоковиќ Медведев, Лајовиќ - Сонего и Чориќ - Фоњини.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе