Пречек на светскиот шампион

Националната пливачка федерација му додели посебно признание на Евгениј Поп Ацев за афирмација на спортот

Националната пливачка федерација му приреди свечен пречек на Евгениј Поп Ацев и му додели посебно признание за афирмација на спортот и достојно претставување на Македонија. 

Евгениј Поп Ацев оваа година по трет пат стана шампион во светската серија на ултрамаратони. Македонскиот пливач не престанува да реди големи успеси и да ја презентира Македонија на највисоко ниво во светското пливање.
 
Националната пливачка федерација го одбележа успехот на Евгениј Поп Ацев со посебен пречек на кој му додели и награда, посебно признание за афирмација на пливањето и достојно претставување на нашата земја.
 
„Успесите на Евгениј Поп Ацев се за огромна пофалба, и треба да бидат одбележани. Во 2015 прво место, 2017 прво место, 2019 прво место, сите во светскиот куп во ултра гран при серијата под календарот на Светската пливачка организација. За овие успеси, и за другите негови достигнувања Националната пливачка федерација на Евгениј Поп Ацев му доделува посебно признание за афирмација на спортот за достојно претставување на Република Македонија. Неговите успеси се и наша гордост“, изјави претседателот на НПФ, Александар Филипчев.
 
 
Евгениј Поп Ацев е горд поради наградата и ветува дека и понатаму ќе продолжи да ја радува македонската нација.
 
„Би сакал да се заблагодарам на сите присутни и на Националната пливачка федерација за овој убав пречек. За мене ова е трета титула, но прво вакво признание, и посебно сум среќен и горд поради тоа. Се надевам дека и понатаму ќе ја претставувам Македонија во исто, дури и подобро светло. Голема благодарност до мојата фамилија, до клубот, до државата за поддршката која ја имав во овој период и изминатите години. Се надевам дека ќе продолжам така и дека и во иднина ќе ве радувам со добри резултати“, вели Евгениј Поп Ацев.
 
Се обрати и директорот на Агенцијата за млади и млади, Дарко Каевски кој од името на државата му честиташе на Евгениј и вети дека тие уште повеќе ќе се заложат да бидат решени проблемите во пливањето и спортистите да ја добијат заслужената поддршка.
 
„Од мое лично име и од име на државата сакам да му честитам на Евгениј за успехот кој што го направи. Ова е голем успех за државата, особено радува тоа што Евгениј континуирано во изминатиот период е еден од најголемите амбасадори на нашата држава и убеден сум дека ќе продолжи во таа насока и во тоа светло. Истовремено ова е апел до нас како Агенција за млади и спорт и до сите во пливањето, да седнеме да се обединиме се со цел вакви таленти како Евгениј во иднина да имаат поддршка од сите институции за да можеме преку пливачка федерација и понатаму да поддржуваме и да го помагаме пливањето. Верувам дека после овој настан сите заеднички ќе пристапиме кон решавање на овој проблем бидејќи постојат за жал страни во пливањето и тоа е една од причините поради кои се кочи истото. Но да не го оптеретуваме овој настан со тоа бидејќи Евгениј како спортист му е најмалку потребно да го трпи тоа на своја кожа. Најважно е во идниот период заедно со пливачката федерација да им дадеме поддршка на пливачите како Евгениј за да можат да остваруваат резултати и без проблеми да го прават она кое најдобро знаат да го прават. Ние како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме да го решаваме овој проблем но и да даваме поддршка на вакви пливачи како Евгениј. Убеден сум дека тој ќе продолжи во оваа насока и оваа трета, ќе стане четврта, петта, десетта награда. И ќе помогне да се развива пливањето кај нас“, изјави директорот на АМС, Дарко Каевски.
 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе