Инвазијата над Украина е спротивна на светската таеквондо визија

На Путин му го зедоа и почесниот црн појас во таеквондо

Светската таеквондо федерација на рускиот претседател Владимир Путин му го одзема почесниот црн појас кој му го даде во 2013 година. 

Во ноември 2013 година, претседателот на Светската таеквондо федерација, Чу Чунг-вон на Путин му врачи почесен црн појас.
 
Руската инвазија над Украина е спротивна на светската таеквондо визија која гласи: „Мирот е поскапоцен од триумфот“ и таа ги крши светските таеквондо вредности на почит и толеранција.
 
Поради тоа Светската таеквондо федерација сега одлучи да му го одземе на Путин почесниот црн појас.
 
Претходно Светската џудо федерација го суспендираше Владимир Путин од улогата на почесен претседател и амбасадор на тој спорт.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе