Настапот на Ноле покрена лавина реакции

На Надал не му се допаѓа тоа што Ѓоковиќ невакциниран ќе игра на Австралија опен

Организаторот на Австралија опен реши да му даде дозвола на Ѓоковиќ за настап на турнирот иако тој е невакциниран, случајот предизвика лавина реакции. 

Ѓоковиќ се пофали дека добил „медицински исклучок“ и ќе може да настапи на Австралија опен.
 
Иако прво беше најавено дека на турнирот ќе настапуваат само вакцинирани тенисери, организаторот реши да си даде за прави на неколку играчи да им додели „медицински исклучок“ и да може да настапат и невакцинирани.
 
Таквиот момент предизвика многу реакции, тенисерка не доби право за настап затоа што беше вакцинирана со руска вакцина, а Ѓоковиќ ќе игра невакциниран, се дел од реакциите.
 
Гласот го крена и ривалот на Ѓоковиќ, Рафаел Надал.
 
„Морам да признаам дека до оваа објава за „медицински исклучок“ мислев дека Ноле или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Речиси шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Ѓоковиќ е свесен за тоа и дека ќе ја објасни целата ситуација“, вели Надал.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе