АЕК треба да најде решение во следните три месеци

На иницијатива на Секретаријатот на Владата, ќе се бара начин Спорт Клуб и Арена да се емитуваат на македонски и албански

Владата на Македонија и даде задача на Агенцијата за електонски комуникации да изнајде начин каналите Спорт Клуб и Арена Спорт во иднина да се емитуваат со македонски и албански коментар.

АЕК ќе бара чаре за каналите Спорт Клуб и Арена Спорт да се емитуваат со македонски и албански коментар, ова вечерва го соопштија од Владата на Македонија.

Како што брифираат од „Илинденска“, испретена е препорака до Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе