На аукција ќе се продаваат вредни предмети во сопственост на Германецот

На Бекер не му помина „финтата“ со дипломатски имунитет, ќе мора да ги продава трофеите!

Борис Бекер сепак ќе мора да ги продава трофеиите за да покрие дел од долгот, легендарниот тенисер сакаше да се спаси со „финта" која сепак не му помина.

Судот од Лондон минатата година прогласи банкрот на Борис Бекер поради долг од неколку милиони кон банка. Пред неколку месеци требаше да се одржи аукција на која на продажба ќе беа ставени трофеи на трикратниот шампион на Вимблдон, но тој издејствува стопирање на процедурата откако стана аташе на Централноафриканската Република во Европската Унија.

Тој се правдаше дека има дипломатски имунитет кој го штити од банкрот во Велика Британија.

Очигледно правилата не се такви како што мислеше легендарниот тенисер, па Борис Бекер денеска го повлекол барањато за дипломатски имунитет.

Судот веднаш издал наредба процесот да продолжи и наскоро на акција ќе биде ставена колекција од трофеи и предмети вредна околу 200.000 фунти.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе