Падокот ќе остане без еден од омилените ликови

Мото ГП тагува, Фаусто Гресини по два месеци ја загуби битката со ковид-19

Првиот човек на Гресини Рејсинг, Фаусто Гресини утрово почина, 60 годишниот Италијанец ја загуби битката со ковид-19.

Мото ГП тагува, падокот ќе остане без еден од омилените ликови. По два месеци борба со ковид-19, утрово почина Фаусто Гресини. Првиот човек на Гресини Рејсинг, кон крајот на декември беше примен во болница во Имола а потоа пренесен во болница во Болоња поради компликации од коронавирус.

Во последните неколку дена ситуацијата му се влоши, доцна синоќа се појавија гласини дека тој починал, но откако во прв момент пристигна демант, утринава беше соопштено дека Италијанецот ја загубил битката.

Фаусто Гресини дебитираше во мото трките во 1982 и има две шампионски титули во класата до 125цц (1985 и 1987 година).

Во 1997 година тој го креира тимот Гресини Рејсинг, кој ќе прерасне во еден од подобрите независни тимови, кој може да се пофали со пет титули.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе