Повредите го спречуваат да се трка на највисоко ниво

Мото ГП останува без голем шампион, Хорхе Лоренцо оди во пензија на 32 години

Петкратниот шампион, од кои три титули се во кралската класа, Хорхе Лоренцо денеска соопшти дека става крај на кариерата, Шпанецот оди во пензија на 32 години поради големите проблеми кои му ги создадоа честите повреди.

Во пресрет на финалната трка од сезоната во Валенсија, Хорхе Лоренцо попладнево се појави пред медиумите за да соопшти дека повеќе нема да го гледаме во Мото ГП.

„Секогаш мислев дека во животот на еден возач има четири значајни дена, првиот е кога ја возите првата трка, вториот е кога ќе ја забележите првата победа, третиот е кога ќе ја освоите првата титула, иако не сите можат да станат шампиони, но некој од нас успеаа“ – рече Шпанецот.

„И потоа е денот кога се пензионирате. На сите тука ви е јасно дека ќе соопштам дека тој ден дојде за мене. Ова ќе биде мојата последна трка во Мото ГП, и на крајот од трката ќе се пензионирам како професионален тркач“.

Хорхе Лоренцо дебитираше во 2002 со само 15 години во класата 125цц. Во 2005 се пресели во класата 250цц каде освои две титили кои го лансираа во кралската класа каде три пати беше шампион.

Тој се прослави возејќи за Јамаха, а во 2017 се пресели во Дукати каде потпиша богат договор. Оваа сезона возеше за Хонда, но никогаш не се прилагоди на моторот а и честите повреди му создадоа мака. Се почна со скршен зглоб на раката уште на тестовите, а кулминација беше тешкиот пад во Асен и фрактура на грбот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе