МОТО ГП

Мото ГП ги одложи трките во Италија и Каталонија, сезоната можеби ќе почне од Германија

Новата сезона во Мото ГП нема да стартува ниту на 31 мај за кога беше закажана трката за Големата награда на Италија, одложена е и трката во Каталонија. 

Според првичниот календар новата сезона во Мото ГП требаше да стартува уште на осми март со трка во Катар, но поради состојбата на коронавирусот распоредот беше прекроен. Се веруваше дека стартот ќе биде со Големата награда на Италија, но тоа нема да се случи.
 
Од Мото ГП денеска стигна информацијата дека трката за големата награда на Италија се одложува, а иста е судбината и со ГП Каталуња која беше закажана за 7 јуни.
 
Се уште не се знае кои ќе бидат новите датуми за овие трки.
 
Стартот на новата Мото ГП сезона сега најрано може да се случи на 21 јуни за кога е закажана трката за Големата награда на Германија.
 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе