Премиерот на Австралија ја објасни одлуката

Морисон: Оваа пандемија беше неверојатно тешка за секој Австралиец, одлуката за Ѓоковиќ е од јавен интерес

Премиерот на Австралија, Скот Морисон вели дека одлуката на министерот Алекс Хоук да ја укине визата на Новак Ѓоковиќ е поради јавниот интерес на земјата која за време на пандемијата жртвувала многу во борбата против ковид-19. 

Министерот за имиграции, Алекс Хоук му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ кој треба да биде депортиран од Австралија и нема да настапи на грен-слем турнирот.
 
Адвокатите на Новак Ѓоковиќ би требало да поднесат експресна жалба, но се чини дека овојпат тоа нема многу да ги промени работите.
 
Премиерот на Австралија, Скот Морисон објасни зошто е донесена одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ.
 
„По внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за укинување на визата на г-дин Ѓоковиќ поради здравствени причини и одржување на редот, врз основа на тоа дека одлуката е донесена поради јавен интерес“, вели Морисон.
 
„Оваа пандемија беше неверојатно тешка за секој Австралиец, но ние останавме заедно и спасивме животи и средства за живот. Заедно постигнавме една од најниските стапки на смрттност, најсилните економии и највисоки стапки на вакцинација во светот“.
 
„Австралијците се жртвуваа многу за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатот од тоа жртвување ќе биде заштитен“.
 
„Ова е тоа што министерот го прави со донесување на оваа денешна одлука“.
 
„Нашите силни политики за заштита на границите ги држат Австралијците безбедни и пред ковидот и сега за време на пандемијата“.
 
„Поради очекуваните тековни правни постапки, нема да давам дополнителни коментари“.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе