Мото ГП

Морбидели се радува на деби победа во Мото ГП, Дови нов лидер во генералниот пласман

Франко Морбидели се радува на првата победа во кралската класа откако водеше од прв до последен круг во Мизано, Андреа Довициозо е нов лидер во генералниот пласман.

Сезоната во Мото ГП продолжува да биде непредвидлива. Франко Морбидели е четвртиот возач кој во 2020 се радува на деби победа. Италијанецот денеска беше најдобар во Мизано, со одличен старт ја поведе трката и не го испушти водечкото место за прв триумф во кралската класа.

Зад него, Пеко Бањаја финишираше како втор, а Жоан Мир во завршницата го претекна Валентино Роси за последното место на пиедесталот.

Фабио Квартаро два пати падна и не ја заврши трката, па Андреа Довициозo, кој денеска беше седми, е нов лидер во генералниот пласман.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе