Мото ГП

Морбидели победи во Арагон, Мир од 12-ти на стартот до подиум за зголемување на предноста на врвот

Франко Морбидели ја забележа својата втора победа оваа сезона откако попладнево триумфираше во Арагон, Жоан Мир ја зголеми предноста на врвот откако стигна до последното место на подиумот со старт од позицијата број 12.

Алекс Ринс славеше во Арагон пред седум дена, но Франко Морбидели денеска беше за нијанса подобар од возачите на Сузуки. Италијанецот од Петронас Јамаха извозе извонредна трка и мина прв низ целта за втора победа оваа сезона.

Во Сузуки сепак можат да бидат задоволни, Алекс Ринс финишираше како втор, а Жоан Мир го обезбеди последното место на пиедесталот и покрај тоа што стартуваше од позицијата број 12. Па со овој успех, тој го зголеми водството на врвот и сега има +14 во однос на Фабио Квартараро, кој одново разочара во Арагон и финишираше како осми.

Андреа Довициозо и Дукати се чини полека ги губат шансите за титула, Италијанецот денеска заврши дури како 13-ти и има заостанување од 28 бода.

Алекс Маркез, братот на Марк Маркез, не го повтори успехот од пред седум дена, кога до последен свиок се бореше за победа. Возачот на Репсол Хонда падна во свиокот број 2 по десет извозени круга. Среќа немаше ниту Такаки Накагами, освојувачот на пол-позицијата. Јапонецот падна уште во првиот круг кога беше лидер.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе