Формула 1

Момент кој може да ја реши сезоната, Верстапен погреши и се заби во оградата! (ВИДЕО)

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позиција на ГН на Саудиска Арабија откако Макс Верстапен погреши во последниот свиок и се заби во оградата, момент кој може да ја реши сезоната.

Макс Верстапен на две трки пред крајот има предност од 8 бода во генералниот пласман но работите можат да се променат уште овој викенд. Мерцедес го окупираше првиот ред во квалификациите за ГН на Суадиска Арабија, и тоа благодарејќи на грешката на Холанѓанецот.

Во својот последен брз круг, Макс Верстапен леташе на патеката, имаше два најдобри сектори но се заби во оградата во последниот свиок и му ја препушти пол-позицијата на Луис Хамилтон, а второто место на Валтери Ботас.

Овој момент моше да ја реши сезоната и битката за титулата, останува да се види дали младиот Макс Верстапен ќе може да се искупи утре на трката.

Зад нив, денеска финишираа Шарл Леклер, Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе