Олимписки игри

МОК ги претстави олимпијците, Македонија ќе оди на медал во Токио

Македонскиот олимписки комитет денеска ги претстави спортистите кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри, знаменосецот Дејан Георгиевски цели на медал. 

Фото: МОК
Македонија на Олимписките игри во Токио ќе биде претставувана од осум наши спортисти, Дејан Георгиевски (таеквондо), Миа Блажевса Еминова и Филип Дерковски (пливање), Јован Стјокоски (атлетика), Арбреша Реџепи (џудо), Борјан Бранковски (стрелаштво), Пуликсенија Јовановска (карате) и Магомедгаџи Нуров (борење).
 
Македонското знаме на Олимписките игри ќе го носи таеквондистот Дејан Георгриевски, а според новите правила на ИОК, знаменосец треба да биде и девојка, па друштво ќе му прави и џудистката Арбреша Реџепи.
 
„Мојата цел не е само да учествувам на Олимпијадата, тука да освојам медал. Јас во Токио ќе бидам еден од најдобрите 16 таеквондисти. Повеќето од противниците веќе ги имам победувано и верувам дека ќе можам да се вратам со медал, и тоа не со било каков туку со златниот. Едноставно сигурен сум дека на овие ОИ можам да го победам секој противник“, самоуверено вели Дејан Георгиевски кој има најмногу шанси за успех од нашата експедиција.
 
Шанса за медал има и борачот Нуров кој со Дејан Георгиевски се двајцата наши спортисти со А норма за олимписките игри.
 
Нашите спортисти на ОИ во Токио ќе патуваат во три групи, во првата група ќе патуваат шест спортисти и нивните тренери, тие заминуваат во пето, потоа ќе пристигне каратиистката Пуликсенија Јовановска со својот тренер, а последен оди борачот Нуров.
 
Во групи се оди поради посебните ковид протоколи. Спортистите по завршувањето на својот настап на ОИ во рок од 48 часа мора да го напауштат Олимпиското село.
 

Легенда под Главна слика

Фото: МОК

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе