ММА-борците од „Д Стронгест“ се вратија со медали од Црна Гора (ВИДЕО)

Македонија ретко може да се пофали со каква било активност, камо ли со успеси на ММА-сцената, а исклучок од тоа се борците од клубот „Д Стронгест“, кои викендов имаа успешно патување во Црна Гора. 

Подгорица беше домаќин на Б52 ММА-турнирот во аматерска конкуренција, на кој настапија петмина македонски борци под водство на Ивица Алексовски, а тројца од нив забележаа убедливи победи.
 
Михајло Поповиќ, во категоријата до 66 килограми (перо) забележа победа со армбар уште во првата рунда, својот противник го потчини и Марко Петровски, во случајов со тријаголник со раце, а предвреме заврши и борбата на Христијан Станоев, со технички нокаут.
 
Порази претрпеа Александар Петрушевски и Андреј Марков, на поени, во својот дебитантски настап на еден ММА-настап. На турнирот учествуваа борци од Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија, во пет килограмски категории од 66 до 93 килограми, а организатор е „Монтенегро фајтинг чемпионшип“ или МФЦ.
 
Подолу е видеото со сите борби, меѓу кои и оние на македонските борци.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе