АТП Шангај

Младите момци покажаа заби во Шангај, по Ѓоковиќ падна и вториот носител Федерер

Александар Зверев по голема битка го доби мечот против Роџер Федерер со 2-1 во сетови и се пласираше во полуфиналето на АТП мастерсот во Шангај.

Фаворите немаа свој ден во Шангај, по Новак Ѓоковиќ, падна и вториот носител Роџер Федерер. Швајцарецот спаси дури пет меч топки, но немаше сили да му се спротивстави на расположениот Александар Зверев. 

Младиот Германец го реши првиот сет во своја корист со 6-3, беше подобар и во вториот сет и веќе тука можеше да го фрли на колена противникот. Но популарниот Федекс покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња. При водство на противникот од 5-4 во сетови и 40-0 во гемови, тој се врати во живот и се избори за тајбрејк, каде спаси уште две меч топки на противникот и на крајот го доби сетот со 6-7. 

Роџер Федерер сепак не успеа да продолжи во исто темпо во третиот решавачки сет, па Александар Зверев го доби овој дел од мечот со 6-3 и со победа од 2-1 се пласираше во полуфиналето.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе