„Лесковачки победник“ 2019

Младите македонски пливачи со медали се вратија од турнирот во Лесковац

И покрај сите непријатни случувања во македонското пливањe, младите македонски пливачи имаа успешен настап на турнирот во Лесковац.

Македонските пливачи имаат успешен ден на меѓународниот турнир „Лесковачки победник“ во Србија.
 
Децата од македонските пливачки клубови остварија одлични резултати и се вратија со неколку медали од пливачкиот митинг.
 
Најдобро помина ПК Скопје со вкупно 13 освоени медали од кои три златни, ПК Вардар освои осум медали, Октопод четири, а Младост два. 
 
Комплетната листа на освоени медали можете да ја погледнете на овој ЛИНК. Резултатите во сите дисциплини можете да ги видите на овој ЛИНК.
 
Денот не започна добро за македонските пливачи кои имаа непријатна ситуација откако Александар Маленко со допис до Пливачката федерација на Србија бараше да не им се вреднуваат резултатите на нашите учесници, но тоа не попречи за тие да имаат успешен настап.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе