ЗОИ 2026

Милано и Кортина д'Ампецо ќе бидат домаќините на Зимските олимписки игри 2026

Зимските олимписки игри во 2026 година ќе се одржат во Италија, Милано и Кортина д'Ампецо ја добија организацијата.

На гласањето кое се одржа во просториите на Интернационалниот олимписки комитет, Милано го победи Стокхолм во трката за организација на ЗОИ 2026.
 
Во Милано ќе се одржуваат сите натпревари во сала и на затворено, додека останатите спортски дисциплини ќе се одржуваат во Кортина д'Ампецо и Вал ди Фиеме.
 
Последен пат Италија беше домаќин на Зимски олимписки игри во 2006 година кога се одржаа во Торино. 
 
Кортина д'Ампецо по втор пат ќе биде домаќин на ЗОИ, последен пат беше во далечната 1956 година.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе