Два пати ја помести границата во исти ден

Миа Блажевска продолжува да урива рекорди, постави најдобро време на 100 метри слободно

Перспективната Миа Еминова Блажевска постави нов кадетски и младински рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободно со време од 56:98 секунди.

Миа Блажевска пред две недели собори еден куп државни рекорди на пливачкиот митинг „13 ноември“ во Скопје, а продолжи да ја поместува границата и на меѓународниот пливачки митинг „Куп на Зрењанин“.

Членот на ПВК Орион денеска во полуфиналето на трката 100 метри слободно постави нов кадетски и младински рекорд на Македонија со време од 57:08 секунди.

Во финалето, Миа Блажевска за малку остана без место на пиедесталот, но мала утеха е што таа го подобри сопственото постигнување, забележа време од 56:98 секунди што значеше нов државен рекорд.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе