Формула 1

Мерцедес го запоседна првиот ред и во Монако, Хамилтон ја украде пол-позицијата од Ботас!

Луис Хамилтон е победник во квалификациите за ГН на Монако, Британецот во последните мигови од сесијата постави најбрзо време од 1:10.166 и ја украде пол-позицијата од тимскиот колега Валтери Ботас.

Мерцедес продолжи со доминацијата и низ улиците во Монако. Макс Верстапен на момент се закани дека може да се замеша во битката за пол, но возачите на „сребрената стрела“ повторно беа класа сами за себе.

Долго се чинеше дека Валтери Ботас ќе биде победник во квалификациите, но Луис Хамилтон во последните мигови постави најбрзо време од 1:10.166 и ја украде пол-позицијата од тимскиот колега. Финецот направи неколку грешки во својот последен брз круг па мораше да се задоволи со старт од второто место.

Макс Верстапен можеби не можеше да им парира на возачите на Мерцедес но затоа пак ја доби битката со Ферари и ќе стартува како трет. Себастијан Фетел е четврти, додека неговиот партнер Шарл Леклер ќе стартува дури како 16-ти откако неговите механичари погрешија во преценската и не го пуштија на патеката по втор пат во првата сесија.

Помеѓу најбрзите десет уште завршија Гасли, Магнусен, Рикиардо, Квјат, Саинц и Албон.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе