Формула 1

Мерцедес ги „уништи“ ривалите во Унгарија, и болидот од лани е подобар од Ферари и Ред Бул

Луис Хамилтон стигна до нова пол позиција во Унгарија и се изедначи со Михаел Шумахер, Мерцедец ги „уништи" ривалите во Унгарија, дури и Рејсинг Поинт беше подобар од Ферари и Ред Бул.

Се најавуваше дека ГН на Унгарија ќе донесе поизедначена битка, Ред Бул и Ферари требаше да биде поблиску до Мерцедес поради бавната патека, но „сребрената стрела“ ги „унишити“ ривалите.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа класа за себе, Британецот стигна до пол позиција со нов рекорд на патеката и време од 1:13.447. За него ова беше седми успех во квалификациите на Хунгароринг и се изедначи со Михаел Шумахер.

За тоа колку моќни беа Мерцедес денеска говори фактот дека вториот ред е резервиран за Рејсинг Поинг, тим кој користи мотор на Мерцедес и практично е копија на болидот на „сребрената стрела“ од 2019.

Ленс Строл и Серхио Перез имаа подобри времиња од Ферари и Ред Бул, кои денеска потфрлија.

Себастијан Фетел ќе стартува како пети, Шарл Леклер како шести додека пак Макс Верстапен како седми. Потоа следуваат Ландо Норис, Карлос Саинц и Пјер Гасли.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе