Некои моменти се поголеми од нивното ривалство

Мекгрегор: Се молам за таткото на Хабиб, тој е вистински генијалец во боречките вештини

Големиот ривал на Хабиб, Конор Мекгрегор изрази поддршка за неговиот противник велејќи дека се моли за татко му кој е во кома. 

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV
Таткото на Хабиб кој е и негов тренер, Абдулманап Нурмагомедов е во критична состојба пораи компликации со пневмонија. 57-годишникот е во кома и се бори за својот живот.
 
„Се молам за опоравување на Абдулманап Нурмагомедов. Човекот одговорен за многу светски шампион, во повеќе боречки вштини отколку што ние знаеме. Вистински генијалец во боречките вештини! Тажен сум што слушам такви вести вечерва. Се молам за фамилијата Нурмагомедов“, напиша Конор Мекгрегор на својот твитер профил.
 
Пред само неколку дена Мекгрегор и Хабиб се навредуваа на твитер. Преписката ја почна токму Ирецот. Но се чини дека сепак почитта меѓу борците е голема и некои моменти се поважни од нивното ривалство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе