Се водат преговори за голема борба во Њујорк

Мекгрегор пак извиси, Хабиб ќе биде предизвикан за титулата од Тони Фергусон!?

Хабиб Нурмагомедов ќе има нова битка во март или април, но тоа нема да биде реванш со Конор Мекгрегор, Русинот ќе биде предизвикан за титулата од Тони Фергусон.

Пресметката помеѓу Конор Мегрегор и Хабиб Нурмагомедов во Лас Вегас минатата година беше најголемата борба во историјата на УФЦ, и често се говори за реванш помеѓу лутите ривали.

Но очигледно тоа нема да се случи во блиска иднина. ЕСПН пренесе дека се водат преговори за Русинот да влезе во октагонот со Тони Фергусон. Борбата треба да се одржи во март или април следната година во Барклис Центар или Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Американецот не знае за пораз од 2012 година, има 12 победи во низа и ќе го предизвика Хабиб Нурмагомедов за титулата во лесна категорија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе