Откако за 40 секунди го нокаутираше Каубој

Мекгрегор: Испишав историја, кој друг се шетал низ дивизиите и победувал со нокаути?!

Конор Мекгрегор се врати во голем стил, го нокаутираше Каубој за само 40 секунди и стана првиот борец во УФЦ кој во три категории успеал да победи со нокаут. 

Конор Мекгрегор имаше спектакуларно враќање, Ирецот на моќен начин го победи Доналд Сероне Каубој и испиша историја.
 
„Испишав историја вечерва, поставив нов рекорд. Јас сум првиот борец во историјата на УФЦ кој победил со нокаут во три дивизии, горд сум на тоа“, изјави Конор Мекгрегор веднаш по борбата.
 
„Доналд го држеше рекордот по најмногу нокаути со удар со нога во глава, па среќен сум што пресуден беше мојот удар со нога во глава во овој меч“.
 
„Ударите со рамо беа интересни, тој не го очекуваше тоа. Кога се разделивме видов крв во неговото око“.
 
„Пресреќен сум. Кој друг се шетал по дивизиите и ги победувал противниците така?! УФЦ може да ги симнува појасите и да им ги дава на други борци да веруваат дека го повториле мојот шампионски статус, но не можат да им дадат победи со нокаут низ различни дивизии“.
 
„Уште еднаш го запишав моето име во историјата. До Ирците, до мајка ми, се враќам дома со победа!“.
 
„Ми се допаѓа оваа дивизија, се вратив во форма. Не верувам дека се уште сум на моето највисоко ниво, треба уште да работам. Но се вратив, подготвен сум“.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе