АТП Шангај

Медведев и Зверев ќе играат во финалето на турнирот во Шангај

Данил Медведев и Александар Зверев ќе се борат за трофејот во Шангај откако денеска успешно ги минаа полуфиналните пречки. 

Медведев во неизвесна борба но со 2-0 во сетови го победи Стефанос Циципас.
 
Првиот сет се играше во тајбрек 7-6(5) кој му припадна на Русинот, а вториот го доби со 7-5.
 
Медведев во финалето ќе игра против Александар Зверев кој беше поуспешен од Беретини.
 
Германскиот тенисер мечот го доби со 2-0 во сетови, 6-3 и 6-4.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе