АТП финале Лондон

Медведев го победи Тим и ја освои својата најголема титула во кариерата

Данил Медведев со пресврт го победи Доминик Тим со 2-1 во сетови и го освои завршниот турнир во Лондон. 

Данил Медведев е победникот на завршниот АТП турнир во Лондон, ова е најголемата титула во кариерата за Русинот.
 
По грен слем титулите, трофејот од завршниот АТП турнир има најголема вредност.
 
Доминик Тим го доби првиот сет со 6-4, но во вториот Медведев беше подобар во тајбрејк со 7-2. Третиот решвачки сет го доби Русинот со 6-4.
 
Трофејот е уште повреден за Медведев ако се знае дека на овој турнир ги победи во моментов најдобрите тројца тенисери на АТП листата, Ѓоковиќ (1), Надал (2) и Тим (3).

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе