Медведев потврди дека се наоѓа во одлична форма, со 6-3 и 6-3 го победи рекетот број еден во моментов, Новак Ѓоковиќ за пласман меѓу четирите најдобри.
Претходно Александер Зверев со 2-1 во сетови, 6-3, 4-6 и 6-3 го победи Шварцман.
Во петок Ѓоковиќ и Зверев во директен дуел ќе одлучуваат кој ќе биде вториот полуфиналист од оваа група.
Утре (четврток) на програмата се последните мечеви од другата група, од таму Доминик Тим е веќе во полуфиналето, а Надал и Циципас меѓусебе ќе одлучуваат кој ќе оди понатаму.