ATП Мастерс Синсинати

Медведев го елиминираше Ѓоковиќ во Синсинати за пласман во финалето

Рускиот тенисер Данил Медведев со 2-1 во сетови го совлада првиот фаворит Новак Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на АТП Мастерсот во Синсинати. 

Ѓоковиќ доминантно го почна мечот, првиот сет го доби со 6-3, а на свој сервис загуби само пет поени. Ништо не наговестуваше дека ќе се случи изненадување.
 
Но работите се променија во вториот сет, кој Русинот го доби со 6-3. И третиот решавачки сет му припадна на Медведев со идентични 6-3 за голем триумф од 2-1 во сетови.
 
Во финалето Медведев ќе игра против Гофан кој со 2-0 во сетови беше подобар од Гаске.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе