АТП Шангај

Медведев е во животна форма, лесно го победи Зверев и го освои трофејот во Шангај

Данил Медведев игра фантастичен тенис, денеска без големи проблеми го победи Александар Зверев и ја освои втората по ред Мастерс 1000 титула. 

Се очекуваше многу понеизвесно финале во Шангај, но Медведев беше пресилен за Зверев победувајќи го со 6-4 и 6-1.
 
„Честитки Данил, ти веројатно си најдобриот тенисер во последните месеци. Одигра неверојатен меч. Чудесна е таа твоја серија од шест финалиња по ред, верувам дека можеш и уште повеќе“, изјави Александар Зверев по мечот признавајќи го поразот.
 
Медведев како трет тенисер на АТП листата ќе влезе на турнирот во Лондон, ќе го помине Федерер, а Русинот следната година може да се бори и за првото место.
 
„Сакам да го поздравам мојот тим кој прави работа која можеби не ја гледате на теренот но е многу важна за формата во која се наоѓам. Сакам да ја поздравам и мојата сопруга која не е тука, таа повеќе веруваше во мене отколку јас самиот. Зверев е неверојатен тенисер, имаше одличен турнир, се надевам дека уште повеќе ќе ја подобри формата бидејќи е еден од најдобрите во светот“, изјави Медведев.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе