Австралија опен

Медведев беснееше на теренот (ВИДЕО)

Данил Медведев мораше добро да се испоти на австралиското сонце за да се пласира во четврт-финалето во Мелбурн.

Фото: ЕПА

Го победи по три и пол часа игра Максим Креси од САД со 6:2, 7:6 (4), 6:7 (4), 7:5.

Во текот на мечот имаше низа фрустрирачки детали, а му пречеше што противникот одолжува со сервирањето, и тоа така што полека одеше да земе пешкир.

„Јас не можам ни да одам да се измо*ам, а тој го има целото време на светот. Кој ги смислува овие правила?“, се лутеше Данил.

Му пречеше и начинот на кој играше Креси, кој му праќаше жестоки сервиси, а потоа сѐ решаваше со волеи на мрежата.

„Ова е смртно досадно“, се пожали Русинот.

Во четвртиот сет Креси најде ритам во својата игра и на Медведев не му се допадна што мечот се одолжи.

„Просто е неверојатно колку среќа има тој. Вакво нешто не сум видел во мојот живот", се пожали Русинот поради тоа што Максим ги погодуваше линиите.

Во секој случај, тој најде начин да го освои четвртиот сет и да избегне да игра и петти.

Тоа секако ќе му биде важно пред продолжението на турнирот, бидејќи во четврт-финалето ќе има тешка задача со Феликс Оже-Алиасим.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе