По трите порази, дојдоа две големи победи

Матијашевиќ: Сега критичарите нека ги објаснуваат добрите игри како што ги објаснуваа лошите!

Селекторот на Македонија, Матијашевиќ не го крие задоволството по големата победа над Словенија, но не издржа да ги повика и оние кои ги критикуваа игрите кога губевме.

Македонија врза две големи победи на Европското првенство и направи голем, огромен чекор кон осминафиналето. Оваа победа против Словенија ретко кој ја очекуваше, но одбојкарите ја остварија.
 
„Отсекогаш игравме како што треба, но овие последни два меча беа посебни, морам да им честитам на сите играчи. Ова беше нивниот најголем резултат. Одигравме така како што се договориме, ги исполнија моите задачи. Ова е голема заслуга за целата екипа. Се надевам дека ќе одиме во Франција. Математички се уште не сме таму, но како и да е ова е голем успех“, вели селекторот Матијашевиќ.
 
Тој повторно се осврна на критичарите кои зборуваа негативно по трите порази, побара да ги анализираат и победите.
 
„Се надевам дека сега стручњаците во Македонија кои не критикуваа и ги анализираа нашите порази, ќе ги анализираат и овие победи и ќе објаснат како сме победиле“.
 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе