Македонските одбојкари слават голем, историски триумф, прв на Европските првенства откако со 3-1 во сетови ја совладаа Белорусија.
По трите порази репрезентацијата трпеше критики, но денеска одигра посебно добар меч и дојде до толку посакуваниот триумф.
„Прездоволен сум, пред се за луѓето од федерацијата кои создадоа услови да се квалификуваме и да играме на ова првенство. Сакам да им честитам на играчите кои речиси во целост го исполнија она што се договоривме. Покажаа дека имаат големо срце, имаат душа, затоа им честитам. Се надевам дека оваа победа нема да биде последна. Не зборувам за ова, туку за идните Европски првенства, а зошто да не победиме и утре? Некои се сомневаа во нашиот квалитет, мило ми е што тие луѓе кои можеби ни сакаат добро, можеби не, видоа дека оваа репрезентација вреди и заслужува подобар третман“, вели селекторот Матијашевиќ.