Подготовки за ЕП 2019

Матијашевиќ: Не сум задоволен од квалитетот кој го покажавме против Шведска

Македонските одбојкари се подготвуваат за Европското првенство, по двата натпревари против Шведска, синоќа репрезентативците имаа слободен ден а од денеска повторно се на работа.

Македонија имаше два дуели во пет сета против Шведска, кои беа со половичен успех, победа и пораз. Репрезентативците сега ги очекува настап на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“.
 
На 16 дена до мечот на Европското првенство против Финска, селекторот не е задоволен од играта на своите одбојкари.
 
„Не сум задоволен со квалитетот на играта против Шведска. Имавме лош прием, тие доминираа во сервисот и тоа не смее да ни се случува. Наш најсилен елемент е нападот, а доколку немаме добар прием не можеме да организираме напад, немаме прво темпо, едноставно не можеме да играме. Јас дури мислев дека ќе биде полошо на вториот натпревар со оглед на отсуството на капитенот, но блокот беше подобар, па бевме рамноправни“, вели селекторот Матијашевиќ.
 
Дел од играчите се жалат на повреди.
 
„Никола Ѓорѓиев е во ред, саниран е отокот на квадрицепсот поради којшто не играше на втората контрола со Швеѓаните, но либерото Дарко Ангеловски има стомачен вирус. Претходно со таков проблем се соочи Васе Михаилов, а Филип Маџунков се жали и на коленото и на рамото, но болките не беа од таква природа за да одмора против Шведска“.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе