УФЦ 251

Масвидал не успеа да го симне Усман од врвот, Нигериецот ја продолжи победничката серија и го задржа појасот

Камару Усман беше подобар од Хорхе Масвидал, победи со судиска одлука и го задржа шампионскиот УФЦ појас во велтер категорија. 

Усман ја забележа 12 победа по ред, Нигериецот доминираше во октагонот против Масвидал во сите пет рунди и на крајот со убедлива одлука на судиите дојде до триумфот. 50-45, 50-45 и 49-46 гласаа судиите во корист на Усман.
 
Масвидал се обидуваше да ја одржи битката на нозе, но Усман успешно го приклештуваше, го удираше со рамото, го газеше со стапалото и го удираше со боксови по телото. На крајот стратегијата му успеа и заслужено дојде до победата.
 
Оригинално Жилберт Брнс требаше да биде противникот на Камару Усман на овој настан, но откако тој беше позитивен на ковид-19, Масвидал прифати да биде неговата замена. Имаше осум дена за подготовка и силна желба за победа против Усман, но нигерискиот борец уште еднаш покажа зошто е најдобар во својата категорија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе